Џафери: Со реториката и позитивниот дух, Амди Бајрам се истакнуваше од сите колеги пратеници

Со големо жалење ја примив тажната вест дека мојот долгогодишен и драг колега Амди Бајрам го напуштил овој свет, пишува претседателот на Собранието, Талат Џафери, во телеграма по повод смртта на поранешниот пратеник.

„Дозволете од свое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија да изразам длабоко сочувство за оваа голема загуба. Господинот Амди Бајрам како долгогодишен пратеник и претставник на ромската заедница во Република Северна Македонија учествуваше во носењето на голем број значајни и стратешки одлуки за земјата. Тој беше достоен претставник на својата етничка заедница и направи голем број на работи за нивното општествено напредување.

Со својата реторика и позитивен дух се истакнуваше од сите колеги пратеници и ќе остане секогаш запаметен.

Моето сочувство оди и до семејството на нашиот поранешен колега Амди Бајрам сигурен дека тагата за вашата голема загуба е неизмерна. Дозволете уште еднаш да Ви го искажам своето сочувство, нека почива во мир“, пишува Џафери во телеграмата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.