Ангелов: Заврши времето кога безгрижно си кршев ќерамиди со глава
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 21 Ноември 2020
Стојанче Ангелов кој од синоќа раководи со Главниот Штаб за управување со кризната состојба во земјата, на социјалните мрежи напиша дека завршило времето кога безгрижно си кршел керамиди со глава.
„Почитувани ФБ пријатели! Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава. Од синоќа раководам со Главниот Штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19“, напиша Ангелов, кого неодамна владата го постави за директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Почитувани ФБ пријатели!
Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава.
Од синоќа раководам со...
Posted by Стојанче Ангелов on Saturday, November 21, 2020
Ангелов ги повика граѓаните заради поуспешна работа на Главниот Штаб, своите конструктивни идеи, забелешки, совети и критики да ги напишат на ФБ страната на Центарот за управување со кризи.
Денеска на седница на Кризниот штаб треба да се разгледа Нацрт-акцискиот план за борба против пандемијата што го изготвува Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс