(Видео) Митрески: Со буџетот за 2021 економијата и здравството се во нашиот фокус

Предлог Буџетот кој денеска влегува во собраниска процедура е континуитет на одговорните политики на Владата, рече денеска Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Како што рече тој, предлогот предвидува ште посилна поддршка на здравствениот систем и уште поголема помош за домашната македонска економија.

„Владата предводена од СДСМ праќа јасна порака дека помошта за економијата, помошта за спас на работните места, поддршката на најранливите категории, но и поддршката за јавното здравство продолжуваат уште повеќе и во следната 2021 година“, посочи претставникот на владејачката партија.

Како што рече Митрески, предлог Буџетот за 2021 година пред себе има три клучни цели:

- Да обезбеди поддршка и унапредување на здравствениот сектор, пред се заштита на здравјето и на животот на сите граѓани;

- Да го поддржи економското заздравување, односно да се помогнат сите оние микро, мали, средни и големи компании, кои имаат потреба од помош во справувањето со последиците од пандемијата;

- Да се одржат и унапредат основните функции на државата и да овозможиме ефикасно спроведување на потребните реформи.

„Со Буџетот за 2021 година обезбедуваме одржливост но и можности за побрзо надминување на негативните последици од коронакризата. Затоа е важно сите пратеници, низ отворена, инклузивна и транспарентна дебата овде во Собранието, да дадат поддршка и Буџетот за 2021 година да биде усвоен“, нагласи Митрески.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.