Османи на министерскиот состанок на Северноaтлантскиот совет на НАТО

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска и утре, ќе учествува на редовниот состанокот на Северноaтлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, кој, поради рестрикциите наметнати од пандемијата, ќе се одржи преку видеоврска.

Во согласност со дневниот ред, предвидено е на состанокот министрите за надворешни работи на земјите членки да дискутираат за приоритетни прашања на НАТО, како и за актуелните предизвици со кои се соочува: состојбите во Авганистан, влијанието на глобалните геостратешки односи врз безбедноста на евро-атлантската област, како и пошироката регионална стабилност.

Министрите ќе го разгледаат и извештајот со наслов „НАТО 2030“, што ги рефлектира стратешките потреби и предизвици за алијансата во наредната деценија, а предвидено е да бидат одобрени и неколку одлуки во врска со темите што се предмет на дискусија во рамките на НАТО.

Во рамките на состанокот Османи ќе се обрати на првата работна сесија, што ќе биде негов прв настап на Северно-атлантскиот совет од стапувањето на должноста министер за надворешни работи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.