Казнети 506 лица за неносење маска
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 01 Декември 2020
За еден ден полицијата казнила 506 лица за неносење заштитна маска.
„Во текот на изминатото деноноќие (30.11/1.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 506 прекршоци“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс