ВМРО-ДПМНЕ повикува на протести за „спас на македонската иднина“

ВМРО-ДПМНЕ повикува на масовни протести од 12:30 до 14 часот, за „спас на македонската иднина и идината на македонскито народ“.

„Ве повикуваме масовно без разлика на политичката припадност, без разлика на верската и етничката припадност од 12:30 завршувајќи во 14 часот да се приклучиме на протестите коишто се натпартиски, обединувачки и гласно да зборуваме. Заедно да победиме во спасот на македонската иднина и иднината на македонскиот народ. Да порачаме заедно оставка на Заев, слобода на народот. Денес е време на историски моменти. Денес се моменти кога се одлучува за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава“, се вели во повикот.

ВМРО-ДПМНЕ бара од Зоран Заев јавно да каже за што тајно се преговараше овој викенд во Софија. „Заев продолжи за најважните работи да молчи и преговорите за идентитетот, јазикот историјата ги крие од јавноста. Денес да излеземе заедно и да кажеме доста е на Зоран Заев. Доста ја распродава нашата историја, време е Заев да стане историја.

Денес е денот кога треба да сме масовни и гласно да зборуваме“, се вели во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.