
Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 01 Декември 2020

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија од Ковид-19.
Oдлуката е донесена имајќи предвид дека скијачките центри не располагаат со затворени гондоли на жичарите, информираат од Владата.
Владата ги прифати и препораките на Комисијата во однос на Протоколот за безбедносни мерки Ковид-19 за Ски Центри во земјата, за измени во однос на обезбедување на редарска служба пред билетарите и ски лифтовите, задолжително обезбедување на физичко растојание од 1,5 - 2 метри и пред билетарите (како пред жичарите и ски лифтовите), ограничување на работа на угостителските објекти на терените само на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
