Привремен прекин на сообраќајот на патот Кичево - Охрид

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од дожд има само во југозападниот дел од земјата. Поради појава на магла, видливоста во Крушево е намалена на 30 – 50 метри.

Поради изведување на градежни активности, односно минирање на патниот правец А2 Кичево - Охрид, денеска на делницата Пресека - Песочан, кај с. Врбјани, ќе има привремени прекини на сообраќајот од 15 до 20 минути, во периодот од 12:00 до 15:00 часот, додаваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.