Апасиев ќе бара оштета за незаконското прислушување

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, вчера на покана на Основен кривичен суд – Скопје, во својство на оштетен, достави писмена изјава во врска со незаконското следење на лични комуникации. Станува збор за кривичниот предмет во јавноста познат како „Таргет – Тврдина“.

„Со оглед дека од т.н. Специјално јавно обвинителство (СЈО) добив потврда за незаконското следење на моите комуникации, го известувам Судот дека се чуствувам за оштетен поради незаконско следење, т.е. прислушкување на моите телефонски разговори за подолг период“, стои во изјавата на Апасиев.

„Исто така, доколку по постапката пред Судот се утврди одговорност и на давателот на телекомуникациските услуги (ONE/VIP/A1), чиј корисник е Апасиев, и врз кој телефонски број незаконски е применета посебна истражна мерка за илегално следење на лични комуникации, тој предјавува оштетно побарување и од компанијата за штетата што ја има претрпено“, соопшти партијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.