Лекот „ивермектин“ да се зема само со препорака на матичен лекар, порача Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче, порача дека лекот „ивермектин“ треба да се зема само со препорака на матичен лекар.

Овој лек се покажал ефикасен во лекувањето на Ковид-19, истакна министерот за време на отворањето на модуларната болница во Кичево.

„Ивермектин“ од вчера e достапен низ аптеките во земјата.

Од Министерството за здравство претходно посочија дека „ивермектинот“ се препорачува кај ризични групи - работници коишто имаат висок ризик да заболат, луѓето коишто биле во допир со заболен - потврден контакт и кај луѓе коишто се заболени. Кај трите групи граѓани има различна индикација и различно дозирање затоа е важно апликацијата да биде под контрола на лекар.

Според мислењето на стручните лица, лекот е безбеден, но има интеракции ако се дава во комбинација со невролошки лекови.

Објавено во: 1/13/2021 11:46:46 AM

Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.