Мицкоски: Пописот да биде статистичка, а не политичка операција

Членството на ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира за да се поништи законот за попис кој ќе се донесе, најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а доколку пописот сепак се случи, резултатите нема да бидат признаени.

„Ќе има иницијатива за собирање потписи во Министерството за правда, предлог-закон во Собранието за поништување на овој закон кој  владејачкото мнозинство се обидува да го донесе по насилен пат“, вели Мицкоски.

На вчерашниот состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се дискутирало за пописот и било заклучено дека попис е потребно да има, но тоа да биде статистичка, а не политичка операција. Мицкоски ги наведе Германија, Шкотска, Ирска, Романија и Србија како земји кои го одложиле пописот кој требало да се случи годинава.

Според него, попишувањето кое е предвидено без покажување каков било доказ, со диктирање на матичниот број, е подложно на злоупотреба.

„Дали може да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, без да докаже дека тие се резиденти на Македонија“, праша Мицкоски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, попишувањето со терминали за отпечаток од прст е вистинскиот начин за пописот да не биде злоупотребен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.