15 починати и 396 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на Ковид-19, и тоа: во Скопје-198, Куманово-12, Штип-12, Прилеп-14, Тетово-18, Струга-9, Велес-13, Битола-14, Охрид-11, Кавадарци-13, Гостивар-7, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-8, Неготино-6 и еден во Пехчево.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 442 оздравени пациенти, и тоа: од Скопје-229, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-39, Тетово-14, Велес-17, Битола-11, Кавадарци-28, Гостивар-13, Гевгелија-8, Струмица-6, Крива Паланка-9, Радовиш-4, Кочани-10, Македонски Брод-1, Пехчево-5, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Кратово-3, Кичево-5, Ресен-2, Неготино-3 и еден од Демир Хисар.

Починати се 15 лица - четворица пациенти од Скопје (82, 70, 85 и 75 години), еден од Куманово (60), еден од Велес (62), еден од Охрид (61), тројца пациенти од Кавадарци (77, 90 и 51 година), тројца од Гостивар (73, 67 и 33 години) и двајца од Виница (54 и 83 години). Од нив двајца се починати вон, другите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.986, бројката на оздравени пациенти е 69.137, на починати е 2.672, а бројот на активни случаи изнесува 16.177. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот статистиката по градови е следна:

• Скопје 38.165, активни 9.928

• Куманово 4.951, активни 470

• Дебар 695, активни 139

• Штип 3.417, активни 204

• Прилеп 4.430, активни 325

• Тетово 4.925, активни 702

• Струга 2.115, активни 185

• Велес 2.908, активни 380

• Битола 3.152, активни 371

• Охрид 2.614, активни 425

• Кавадарци 2.350, активни 465

• Гостивар 3.504, активни 439

• Гевгелија 1.234, активни 207 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 2.443, активни 453

• Крива Паланка 697, активни 99

• Радовиш 665, активни 76

• Крушево 184, активни 31

• Кочани 1.673, активни 153

• Пробиштип 471, активни 36

• Демир Хисар 239, активни 29

• Македонски Брод 234, активни 15

• Пехчево 173, активни 25

• Берово 554, активни 65

• Валандово 323, активни 32

• Виница 472, активни 62

• Делчево 708, активни 229 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 206, активни 14

• Свети Николе 1.060, активни 71

• Кичево 1.641, активни 191

• Ресен 688, активни 125

• Неготино 1.095, активни 231 (174 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.192 теста се преку: ИЈЗ - 538, ЦЈЗ Скопје - 78, „Авицена“ - 226, „Биотек“ - 180, МАНУ - 108, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) - 112, „Систина“ со PCR-метода - 191, лабораторија „Лаор“ - 75, Судска медицина - 3, ЦЈЗ Битола - 71, Инфективна клиника - 3, „Синлаб“ - 30, „Ремедика“ - 19, ЈЗУ (рапид-тест) - 554, УК Пулмологија со алергологија - 4. Досега во земјата се направени вкупно 425.888 тестирања на Ковид-19.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.