Новите членови на ДИК дадоа свечена изјава во Собранието

Новите членови на Државната изборна комисија дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Нови членови на највисокото изборно тело во државата, кои беа избрани на 12 јануари, се: Александар Даштевски, претседател; Дитмире Шеху - потпретседателка и членови: Борис Кондарко, Оливер Ристовски, Радица Ристеска, Бобан Стојаноски и Кренар Лога.

Даштевски, кој беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека тој е најнепартиски претседател на ДИК затоа што не е член на некој партиски орган, а ниту бил дел од некои партиски активности.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.