Израел донира апарати за критични новороденчиња на Детската клиника

Министерството за здравство информира дека денеска на Kлиниката за детски болeсти беше предадена донација од страна на амбасадата на Израел на иницијатива на амбасадорот Ден Ориан.

Донацијата се состои од перфузори (инфузиони пумпи) за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање вени кај критични новороденчиња. Со венвјуер-апаратите првпат ќе се врши одредување пневмоторакс, односно зголемен воздушен притисок во белите дробови кај бебиња.

Овие апарaти ќе се монтираат во амбулантни возила за транспорт на критично болни деца, кои во државата треба да стигнат до крајот на 2021 година.

Денешната донација е дел од проектот „Перимак“ на „Проџект хоуп“, кој има цел да го организира неонаталниот транспорт во државата и да ја редуцира перинаталната смртност. Овој проект е имплементиран со поддршка на МЗ и почна во 2017 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.