Мицкоски: Власта системски го уништува образованието, 20 илјади ученици не следат настава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на меѓународниот ден за образование порача дека власта системски го уништува образованието и дека 20 илјади ученици не следат настава зошто немаат лаптоп компјутери.

„ Меѓународниот ден на образованието нашата држава го дочекува со:

- 20 илјади деца кои не следат настава затоа што немаат компјутери;

- штрајк на матурантите;

- "реформи од Финска" кои не се од Финска, а кои се туркаат на сила и без консензус;

- со обид да се укине предметот историја како посебен предмет;

- со ниту еден универзитет кој е на Шангајската листа од 1000 најдобри универзитети во светот;

- и со образование кое е политизирано, наместо професионализирано.

 

Сето ова не го ветија, ама го остварија. А од ветеното ништо не исполнија. Со ваква власт нема иднина. Образованието системски се уништува. Наша е иднината и ние заедно ќе се избориме“ истакна Мицкоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.