Во болниците се лекуваат 610 пациенти заразени со коронавирус

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 610 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 35 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болен, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 24, во ковид-центарот во Гостивар 16, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 12, Кавадарци 20, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во Скопје, хоспиталирани се вкупно 290 лица, од кои 8 во последните 24 часа.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.