Обвинителство: Првите индиции дека Мијалков се подготвува за бегство се од саботата

Првите индиции дека можеби се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков, Министерството за внатрешни работи ги споделило со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 20 февруари, во саботата, во 23 часот.

Вчера утрото по направените неопходни проверки бил изготвен предлог за определување притвор.

Од Обвинителството наведуваат дека вчера во 12 часот со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, Обвинителството го известило Основниот кривичен суд – Скопје за изготвениот предлог, како и Министерството за внатрешни работи.

По исполнување на административните процедури, предметните обвинители во 14:30 часот се упатиле во Основниот кривичен суд – Скопје, каде во 15 часот предлогот за определување на притвор бил примен од судот и со решение на обвинетиот Сашо Мијалков му е определeна мерка куќен притвор и 24-часовен видео и аудионадзор. Решението од страна на Обвинителството било примено во 18:45 часот.

Во меѓувреме, велат од Обвинителството, до приемот на решението, јавните обвинители биле известувани од надлежни лица во Министeрството за внатрешни работи дека имаат визуелен контакт со обвинетиот Мијалков и дека тој не е избеган.

Околу 21:20 часот обвинителството било известено дека има проблем со врачување на решението за притвор, по што во 21:47 е потврдено дека обвинетиот Мијалков не е пронајден.

Имајќи го предвид фактот дека во моментот на изготвување на предлогот за определување мерка притвор, како и во моментот на нејзиното поднесување до судот, обвинетиот Мијалков не бил во бегство, Обвинителството смета дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.