Заев: Обезбеден е домашен притвор за Мијалков

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша дека по преземената акција на институциите во врска со бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, постигнат е значаен успех.

После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех:

Се пријави Сашо Мијалков во...Posted by Zoran Zaev on Tuesday, 23 February 2021

„Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!

Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!“ напиша Заев на Фејсбук.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.