Обвинителите ја повлекле жалбата со која бараа затворски притвор за Мијалков

Обвинителката Вилма Рускоска заедно со обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов ја повлекле жалбата по одредениот куќен притвор на Сашо Мијалков, со која бараа да му се одреди затворски притвор.

Информацијата ја потврдуваат и од Обвинителството. Засега нема објаснување зошто обвинителите се одлучиле за ваков чекор.

 

Повлекувањето на жалбата значи дека Мијалков ќе остане во куќен притвор, односно нема да му се изрече затворски притвор.

Вилма Рускоска и Сашо Мијалков веќе еден час се во зградата на Обвинителството откако тој сам се пријави и од исчезнат стана достапен за органите за правдата.

Обвинителката Рускоска вчера кажа дека иако побарала затворски притвор, одобрен бил куќен притвор со мерка постојан видео надзор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.