Мијалков го подигна решението за домашен притвор

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека обвинетиот Сашо Мијалков во попладневните часови се јави во Обвинителството и притоа му е врачено решение за определена мерка куќен притвор.

Пред два дена како резултат на оперативни сознанија, кои укажуваа на можност од бегство, по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд - Скопје со решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24-часовен видео и аудионадзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот.​





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.