Захариева: Се прават напори да ги испорачаме ветените вакцини за Северна Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на враќање од посетата на Париз, денеска, во Софија, оствари средба со својата бугарска колешка Екатерина Захариева.

Како што информираат од Министерството, на средбата биле разгледани актуелностите поврзани со корона-кризата и начините на кои двете земји остваруваат соработка во справувањето со овие предизивици.

„Во оваа пригода Захариева потврди дека се прават напори за изнаоѓање начин за испорака на ветените вакцини за Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението за средбата.

Во него се додава и дека на состанокот станало збор за акцискиот план за меѓусебна соработка, можноста за неговата финализација, а во функција на евентуално договарање втора меѓувладина конференција меѓу двете влади, чии копретседавачи се токму министрите Османи и Захариева.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.