Заев повторно се кандидира за претседател на СДСМ

Актуелниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, се кандидира за уште еден мандат на чело на партијата. Тој вети нова програма, а изборите ќе се одржат на 21 март.

„Денеска ја доставив мојата кандидатура за претседател на СДСМ - Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Пред членовите на партијата излегувам сo програма: „Нова политика - СДСМ прв во промените“! Ја барам поддршката за нов мандат како претседател на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март“, напиша тој на „Фејсбук“.

Заев најави досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја.

„Доколку ја добијам довербата, со мојот нов мандат најавувам досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја почнувајќи токму од СДСМ. Нова политика - пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото дејствување на #СДСМ и Република Северна Македонија“, напиша тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.