Сончево и топло време со температура до 23 степени

Денеска во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер, информира УХМР.

Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува умерен, по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје претпладне сончево со услови за слаба утринска магла, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб, а попладне и во вечерните часови умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Следува сончево време со умерена облачност, ветеровито и посвежо. В недела и в понеделник ќе дува умерен, по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика позначителен пад на температурите, така што дневните ќе опаднат за 7 до 10 степени во однос на денешната, а утринските од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нулата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.