ВМРО-ДПМНЕ: Земјите вакцинираат веќе трети месец, во Македонија само неколку здравствени работници

Со оваа динамика на лажење на министерот за здравство, Венко Филипче, едно е јасно - граѓаните тешко дека ќе видат вакцина наскоро, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„По кој пат лаже Венко Филипче за стартот на вакцининацијата ни самиот не знае. За последната недела од февруари, оваа изминатава, тој најави какви се не вакцини од Фајзер, кинески, од Ковакс механизмот... На ден до први март, сите земји вакцинираат трети месец, ама во Македонија се вакцинираа само неколкумина здравствени работници и тоа благодарение на донираната вакцина од Србија.

А треба да се вакцинираат сите медицински лица, треба да се вакцинираат повозрасните од 70 години, секако треба да се вакцинираат и оние со повеќе хронични болести...и кој се не. Секако треба да се вакцинираат и оние помладите кои имаат контакти поради работното место.

Во меѓувреме се погласно се зборува и за вакцинални корона пасоши, односно ќе можете да посетите некоја земја само ако имате примено вакцина.

Со оваа динамика на лажење на Филипче едно е јасно граѓаните тешко дека ќе видат или евентуално примат вакцина насокоро. И сето ова, оваа неспособност, оваа фокусираност на тендери и провизии чини жини животи. Затоа одговорност мора да има!“, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.