Градоначалникот на Куманово бара Георгиевски да му се извини на народот, а Обвинителството да отвори истрага

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски реагираше на предлогот на експремиерот Љупчо Георгиевски за решавање на спорот со Бугарија.

Димитриевски оцени дека ваквиот предлог е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ. Тој го повика Георгиевски да му се извини на македонскиот народ, а јавното обвинителство да отвори случај.

Акцискиот план кој што вечерва го предложи поранешниот Премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и...

Posted by Maksim Dimitrievski on Saturday, February 27, 2021

„Акцискиот план кој што вечерва го предложи поранешниот Премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и Македонскиот народ. Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите Македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на Македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот.

Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на целиот Македонски народ.

- Го повикувам јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утвртди одговорност за ваквиот предлог кој е противуставен да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок.

- Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови.

Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев: Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како Македонскиот“, пишува Димитриевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.