Обвинителството за организиран криминал отвори предмет на софтверот на Рашковски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“.

Станува збор за софтверот кој го набавил Генералниот секретаријат на Владата, во времето на Драги Рашковски, а кој не е во употреба иако бил платен 81.000 евра.

„Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација“, се наведува во соопштението на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во него се додава и дека МВР до обвинителството доставило известување во врска со нивното постапување во случајот.

Рашковски деновиве на социјалните мрежи демантираше дека патентирал софтвер за следење на сообраќајни прекршоци, кој потоа Генералниот секретаријат на Владата го купил како јавна набавка за потребите на МВР.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.