Во Македонија 37 починати од коронавирус, потврдени 301 нов случај

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 301 нов случај на коронавирус, починаа 37 пациенти, а оздравени се 1.091, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа направени се 1.431 тестирање, а регистрирани се 301 нов случај на Ковид-19, и тоа во:

Скопје – 174,Кавадарци -17, Велес -16, Прилеп -14, Куманово, Тетово и Штип – по 11, Гостивар – 8, Охрид – 7, Струга – 6, Кочани – 5, Кичево – 4, Виница – 3, Неготино, Свети Николе, Берово и Делчево – по 2, Битола, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 1.091 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 429, Охрид – 107, Прилеп -74, Велес -42, Куманово 40, Штип и Струга – по 37, Битола – 36, Кавадарци – 34, Гостивар – 29, Гевгелија -26 , Крива Паланка -24, Тетово -23, Струмица – 17 , Неготино – 13, Кочани и Делчево – по 12, Берово, Пробиштип и Богданци – по 11 ,Валандаво – 10, Радовиш – 8, Дебар и Крушево – по 7, Кичево - 6, Свети Николе и Демир Капија – по 5, Ресен – 4, Виница, Кратово и Пехчево – по 3, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2 и Македонска Каменица 1.

Пријавени се вкупно 37 починати лица: девет од Скопје (74, 81, 47, 60, 69, 76, 79, 77, 61), 6 од Прилеп (42, 58, 72, 74, 75г и 56), по 3 од Тетово (65, 59 и 57) и Гевгелија (73, 65 и 56), по 2 од Куманово (90 и 67), Кавадарци (85 и 57), Струмица (73 и 62) и Виница (79 и 62) и по 1 починат од Битола (59), Охрид (82), Кичево (37), Неготино (64), Свети Николе (79), Крива Паланка (73) и Дебар (43). 36 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 643.004 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 135.167, бројката на оздравени пациенти е 110.388, на починати е 3.977, а бројот на активни случаи изнесува 20.802.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.