ИЈЗ: Зголемен бројот на починати лица од Ковид-19 во однос на минатата недела

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 29 март до 4 април 2021 биле тестирани вкупно 26.142 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,0 % во однос на минатата недела. Притоа биле регистрирани 7.933 нови позитивни случаи од 35 града во државата со зголемување од 6,9 % во однос на минатата недела, информираат од ИЈЗ.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, дури 44,5 %, со неделна инциденца –572,2/100.000.

Највисока неделна инциденца од 583,3/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци, велат од Институтот.

Според податоците од таму, процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 21,0 до 35,2 % или во просек 29,3 %, со зголемување од 1,7 % во однос на минатата недела.

Биле регистрирани заболени лица од сите возрасни групи.

Сепак, потенцираат дека најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години со 30,2 %.

Голем број заболени се регистрирани и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 години или 17,9 %, лицата на возраст од 30 до 39 со 17,8 %, оние од 40 до 49 со 16,6 % и на возраст од 20 до 29 со 11,6 %. Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 со 1,2 % и од 10 до 19 години со 4,8 %.

Од ИЈЗ информираат дека по добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам статус оздравени стекнале 4.861 лице, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 19,8 % во споредба со минатата недела.

Биле пријавени и 260 смртни случаи од 27 града или дури 27,5 % повеќе во однос на минатата недела, велат од ИЈЗ.

Во однос на возраста, 215 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50 до 59 години, 13 лица од возрасната група од 40 до 49 години, 4 лица од групата 30-39 години и едно лице од груапта 20-29 години.

Од Институтот информираат дека на 17.2.2021 во РС Македонија почна вакцинацијата против Ковид-19.

Заклучно со 4.4.2021 вкупно се вакцинирани 7.009 здравствени работници со првата доза или 4.015 со „Фајзер/Бионтек“, 2.996 со „спутник В“ и 4.413 (3.805 - „Фајзер/Бионтек“ и 608 - „спутник В“) со втора доза од вакцината против Ковид-19.

ИЈЗ потсетува дека од 31.3.2021 почна вакцинацијата на населението за лицата над 77 години и заклучно со 4.4.2021 вакцинирани се 1.968 лица.

Детаљниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 29 март до 4 април 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија, се објавува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.