Приведен висок полициски службеник, запленета дрога вредна над 800.000 евра

Полицијата заплени дрога вредна над 800.000 евра, а приведен е висок полициски службеник, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Засега нема повеќе детали за полициската акција, освен дека е спроведена заедно со Американската агенција за борба против наркотици.

„Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици - ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот“, напиша Спасовски на „Фејсбук“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.