Tетовска фирма без дозвола флаширала минерална вода и ја продавала цели три години

Управата за финансиска полиција поднесе три кривични пријави против две физички и едно правно лице оти три години, без дозвола, полнеле вода и ја продавалe како „Шарпланинска вода - Iam Scardica water“.

Трите кривични пријави се за „Сан енд старс ДОО експорт-импорт“ како правно лице и како физички лица за сопственикот и за одговорното лице во истата компанија.

Кривичното дело за кое се товарат е незаконска експлоатација на минерални суровини.

„Пријавените лица во својство на одговорни лица и сосопственици на ’Сан енд старс ДОО експорт – импорт’ од Тетово, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во период од 1.1.2017 година до 31.12.2020 година вршеле незаконита експлоатација на минерални суровини - минерална вода определени со закон. Спротивно на Договорот за концесија за експлоатација на минерална вода на локалитетот ’с.Првце’, општина Теарце, склучен во 2015 година, спротивно од Законот за минерални суровини и спротивно од Законот за води, пријавените, без да ги обезбедат законски предвидените дозволи за користење на води, за испуштање на вода и за експлоатација на минерални суровини, изворите на минерални води ги експлоатирале, водата ја полнеле во шишиња и истата ја ставиле во промет, со што се стекнале со противправна имотна корист, од продажбата на флашираната вода 'Шарпланинска вода- Iam Scardica water' во износ од 28.659.312,00 денари“, извести Управата за финансиска полиција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.