Хоџа: Погрешни се тезите дека ќе може се и сешто да се легализира

Од Владата оценуваат дека по вчерашното усвојување на Законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти во законодавниот дом, ќе се реши урбанистичкото дивеење.

„Прогрешна е тезата дека ќе може се и сешто во секое подрачје да се легализира“, нагласи владиниот портпарол Мухамед Хоџа додавајќи дека во законот е точно прецизирано каде и кои објекти ќе може да бидат легализирани.

„За да се легализира во заштитно подрачје треба да се добие согласност од надлежниот орган, министерство или друга институција дека градбата не го загрозува тоа подрачје. Така што, невозможно ќе биде лесно да се легализира секој објект во тие делови. Законот е усогласен и со опозицијата, при што се прифатени и неколку нивни амандмани и се инкорпорирани во него. Со законот се спречува урбаното дивеење со тоа што се зголемува цената за легализација за плус 50 отсто од основните комуналии со што се одвраќаат од намерата сите кои мислат да градат нелегално“, изјави Хоџа.

 

„Има многу државни објекти кои од разни причини не се запишани во Катастар. Со овој закон тоа се овозможува“, оценија портпаролите на владата на денешната прес конференција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.