Вчера се вакцинирале 13.482 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 12.719 лица, а вкупно се вакцинирале 13.482 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека на вакциналните пунктови низ државата заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 203.324 граѓани.

„Во државата вкупно се аплицирани 203.324 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани. Со последните бројки, 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина“, соопштија од ресорното министерство.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критичната инфраструктура.

Здравствените власти посочуваат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 346.431 граѓани.

Масовната вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, како и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.