ВМРО-ДПМНЕ: Аудио снимката од приведувањето на Стефан е доказ дека се работи за нарачка на Спасовски и Заев

Аудио снимката од приведувањето на Стефан е доказ дека се работи за нарачка на Спасовски и Заев, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Од фрапантната аудио снимка направена при апсењето на Стефан Калошев се слуша како полицискиот службеник го малтретира, тепа и пцуе.

Ваквиот однос на МВР на Спасовски со протестантите е доказ дека се работи за наредба и нарачка на Заев у Спасовски.

Кога полициските службеници беа прашани има ли основ за уапсењето, одговорот беше сигурно има, ова можеа да го слушнат сите од снимките кои беа емитувани во медиумите. Ова е доказ дека Заев и Спасовски ги ставиле во неблагодарна положба и полициските службеници кои морале да ги извршуваат нивните нарачки.

Тоа што МВР молчи е обид за стишување на скандалот.

Поднесена е претставка до Одделот за внатрешна контрола во МВР и очекуваме санкција и извинување.

ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, а ниту народот се плаши.

4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.