Четврта трансплатација на срце во земјава

Во тек се подготовките за четврта трансплатација на срце, објави синоќа министерот за здравство Венко Филипче.

„ Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш, напиша тој на Фејсбук, објавувајќи фотографија од делот од тимот кој ќе учествува во операцијата.

Донорот на органите е 44 годишна жена од Скопје, мајка на две деца, која починала како последица на мозочен удар.

Досега во земјава се направени три трансплантации на срце. Првата трансплатнација од починат донор беше направена во мај минатата година, а годинава имаше уште две трансплантации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.