Во Скопје хоспитализирани 2 нови пациенти со коронавирус, вкупно 109 се лекуваат во болниците низ државата

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје има хоспитализирани 2 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Двајцата биле примени во ГОБ 8 Септември, каде во моментов има 15 болни.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во болниците низ целата држава е 109, а од нив 43 се хоспитализирани во Скопје.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 8 болни, а во Куманово 14 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 3, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 5 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.