Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска присуствуваше на активностите за уривање шест постојни платформи лоцирани на брегот на Охридското Езеро во Струга.

Груби во оваа пригода рече дека е за поздравување фактот што акцијата за отстранување на платформите се прави преку конструктивен дијалог меѓу општинските власти и бизнис-заедницата.

„Зелената агенда е веќе во акција и нема да застане тука. Преку оваа агенда сите граѓани на Република Северна Македонија ќе имаат придобивки, без оглед каде живеат, бидејќи придонесува за подобар и поквалитетен живот“, посочи првиот вицепремиер.

Градоначалникот на Струга, Мерко, исто така рече дека ова е само почеток и дека зелената агенда нема да запре со оваа акција.

„Платформите што денес се отстрануваат не се дивоградби, туку нивните сопственици сакаат да се солидаризираат со своите колеги, сопствениците на сличните концесии во Охрид, затоа што стружани не сакаат нивниот град да остане црна овца и со тоа да ги зголемат шансите градот Охрид да го изгуби статусот на заштитен град од УНЕСКО“, посочи струшкиот градоначалник додавајќи дека тој и неговиот тим постојано се ангажирани и работат за заштита на диверзитетот на Охридското Езеро.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.