Средба Бектеши-Насуј: Билатералната трговија помеѓу двете земји е со континуиран раст

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Букурешт, оствари работна средба со министерот за економија, претприемништво и туризам на Романија Клаудиу Насуј.

Средбата се одржа во рамки на настанот „Унапредување на економската и трговска соработка помеѓу Северна Македонија и Романија“ како почеток на еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи “Недела на македонски произзводи“ во Букурешт.

Министерот Бектеши и неговиот колега Насуј разговараа за економските односи меѓу двете земји и можностите за одржување на позитивниот тренд на развој, како и зголемување со нови содржини од заеднички интерес.

Романија е 10-ти најголем трговски партнер на Северна Македонија, а билатералната соработка помеѓу двете земји бележи континуиран раст во последните десет години.

Министерот Бектеши изрази очекување дека оваа билатерална соработка ќе продолжи со позитивен тренд во наредниот период и дополнително ќе се продлабочи и изрази надеж дека Романија како пријателска земја ќе сподели искуства од Европската Унија, особено што Северна Македонија е на пат за влез во Унијата.

Министерот Бектеши го информираше својот романски колега за економските потенцијали на Северна Македонија и посочи дека Владата креира предвидливи политики за директна поддршка на домашните и странските инвеститори, посебно за високо технолошките и извозно ориентирани компании. Истовремено, како што посочи министерот Бектеши се работи на унапредување на царинските и даночни политики, со што целосно се влијае на попозитивна деловна клима во земјата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.