Филипче ја прими грчката донација од 20.000 вакцини од „Астразенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини „Астразенека“ од Грција.

„Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини 'Астразенека'. Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Русос Кундурос и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето нѐпоздрави и премиерот Зоран Заев, кој во тој момент се врати од Брисел“, наведува Филипче во објавата.

Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата, истакнува министерот, покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација, бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид-19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.