Сончево и потопло со температури до 31 степен

Денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната од 22 до 31 степен. УВ=7.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во следните денови според најавите од УХМР, во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во планинските региони. Температурите ќе бидат во постепен пораст.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.