Сојузот на средношколци: Да се објават извештаите за училиштата кои наплаќаа свидетелства

Сојузот на средношколци бара од државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите за спроведените инспекции во четирите средни училишта кои наплаќале за свидетелства.

„Ги поздравуваме инспекциите, но навистина не' интересира методологијата на извештаите, односно како дошле до овие заклучоци“, изјави новиот лидер на Сојузот, Лука Павиќевиќ, пред МОН.

Како што посочи, Сојзуот го исконтактирал инспекторатот за извештаите уште на 14 јуни, но се уште немаат добиено одговор.

Од средношколскиот сојуз упатија порака и до училиштата: „Вратете им ги парите на учениците, оти само така можете да го решите овој проблем. Срамно е да се наплаќаат свидетелства, особено во година со неквалитетна онлајн настава“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.