Лани регистрирани 685 дивоградби

Регистрирани се 685 бесправно изградени објекти лани во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 98 објекти за домување (14.3%), 114 доградби, надградби и адаптации (16.6%), 66 деловни објекти (9.6%), 52 гаражи (7.6%), 117 огради (17.1%), 4 скалила (0.6%), 14 тераси (2.0%), 11 летни тераси (1.6%), 85 настрешници (12.4%), 39 времени објекти (5.7%) и 85 помошни објекти (12.4%).

Најголем број бесправно изградени објекти (99.0 %) се во приватна сопственост.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.