Филипче: Утре пристигнуваат 500.000 дози „Синовак“, вакцина ефикасна и одобрена од СЗО

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи потврди дека утре во земјава ќе пристигнат половина милион дози од вакцината на производителот „Синовак“.

Тој нагласува дека оваа вакцина е одобрена од СЗО, ефикасна и целосно безбедна за користење.

 

 

Во продолжение на објавата, Филипче ги наведува официјалните карактеристики на вакцината „Синовак“, објавени од СЗО:

- Инактивиран САРС-Ков2 вирус;

- Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза;

- Високо ефикасна за превенција на тешка болест;

- Се дава мускулно во рамо;

- Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици;

- Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица

Министерот за здравство вчера најави дека во текот на следните денови вакцинацијата ќе се одвива со забрзано темпо и оти ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани преку сајтот vakcinacija.mk.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.