Бугарија испраќа помош во Македонија за справување со пожарите

По наредба на премиерот Стефан Јанев, Бугарија испраќа помош во Република Северна Македонија за справување со пожарите, пренесуваат бугарските медиуми.

Бугарија ќе ја пружи помошта преку механизмот за взаемна помош, а за гаснење на пожарите кои ја зафатија земјата, за што бугарската влада планира да испрати 25 пожарникари, 3 противпожарни возила и уште 2 амбулантни возила.

Уште вчера, во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, премиерот Стефан Јанев му кажал дека Бугарија е подготвена да им помогне на своите соседи со предвидената поддршка за помош при катастрофи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.