Министерството за здравство: Достапна апликацијата за сертификат за патување во странство CommonPass

Министерството за здравство информира дека е достапна апликацијата за сертификат за патување во странство CommonPass.

CommonPass е унифицран дигитален сертификат, кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store, со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада, каде што се користи најмногу. Покрај патувањето и доказ за вакцинација, со овој CommonPass граѓаните во овие земји може непречено да се движат и да функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните. За преземање на овој сертификат треба:

1) Да се најавите на веб-страницата vakcinacija.mk;

2) Во својот личен профил можете да го најдете националниот сертификат издаден од МЗ со QR-кодот за примена вакцина;

3) Системот ви дава опција за внесување број на валидна патна исправа;

4) Кога ќе го внесете бројот на пасошот, се креира автоматски CommonPass;

5) За да креаираат дигитален CommonPass, достапен секогаш на вашиот паметен телефон, треба да ја преземете мобилната апликација CommonPass oд Google Play Store/App Store;

6) По преземањето на апликацијата, таа ќе ви побара да го внесете следниот активациски код: CPNMKD;

7) Потоа апликацијата ќе побара да го скенирате QR-кодот од сертификатот CommonPass, кој веќе го имате преземено на компјутер. Доколку имате тешкотија да го скенирате кодот од eкранот, испечатете го сертификатот CommonPass и скренирајте го директно од хартија.

Министерството за здравство им нуди повеќе опции на вакцинираните граѓани за патување во странство, освен националниот сертификат со QR-код, сега имаат можност да патуваат во САД и Канада и со CommonPass, а веќе од следната недела ќе биде достапен и зелениот пасош за патување во ЕУ.

Министерството за здравство укажува дека независно од сите сертификати што ќе бидат обезбедени за нашите граѓаните, секоја земја во согласност со епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење низ неа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.