ВМРО-ДПМНЕ смета дека законот за потекло на имот е лицемерие

Лицемерие е законот за потекло на имот, ЈО и институциите не отвораат постапки за Шилегов, Заевци и министри кои имаат имот без покритие со години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата следи откако претходно денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски информираше дека драфт-верзијата на законот предвидува конфискација на имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже.

Според опозициската партија, СДСМ ја потценува интелигенцијата на народот, додека Николовски, како што тврдат, преку фирмата на неговиот брат врти милионски профити.

„Петре Шилегов додека е градоначалник со чиновничка плата направи хациенда во Маврово која во анкетен лист ја завел како имот од 55.000 евра, а и самиот призна дека истата чини многу повеќе. Дополнително Шилегов крена два ката дивоградба и направи зграда во Тафталиџе. И сето тоа за 4 години со плата околу 1.000 евра. Парите кои ги заработил за 4 години не му стигаат ниту за едно од двата луксузи. Заевци неколкукратно си го зголемија имотот. Братучедите на Заев купуваат и прават фабрики за марихуана низ државата, а името на Вице Заев се спомнува во секој бизнис. Шекеринска во еден мандат се поднови со нова куќа, а Мила Царовска направи луксузна хациенда на Осогово“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија тврди дека функционерите на СДСМ неколкукратно го зголемиле својот имот во изминативе 4 години, и тоа за многу повеќе од 30.000 евра, а за голем број од нив, Обвинителството иако има докази во изобилство не отвора истрага.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.