16 починати и 491 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19, од кои во: Скопје – 232, Куманово – 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово по 10, Кочани и Радовиш по 8, Гостивар и Кичево по 7, Гевгелија и Валандово по 6, Струга и Берово по 5, Ресен – 4, Тетово и Пробиштип по 3, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар по 2 и по еден заразен од Неготино, Делчево и Македонски Брод.

Пријавени се 16 смртни случаи: 8 починати лица од Скопје (88, 82, 82, 76, 72, 72, 71 и 64 години), тројца починати од Куманово (80, 71 и 65 години) и по еден починат од Струмица (71), Тетово (61), Охрид (85), Штип (86) и од Берово (45).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 6 смртни случаи со датум на смрт во период од 14 до 20 септември годинава. Од нив, по двајца се починати од Скопје и Штип и по од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54 до 83 години, од кои 3 лица починале во болнички, а 3 во домашни услови.

Регистрирани сe 416 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 214, Струмица – 70, Куманово – 23, Тетово – 16, Штип – 12, Кочани и Кичево по 10, Гостивар – 9, Битола – 8, Велес и Кавадарци  по 7, Прилеп и Свети Николе  по 5, Крива Паланка и Богданци по 3, Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип по 2 и по еден оздравен во Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран.

Направените 3.747 теста се преку: ИЈЗ - 363, ЦЈЗ Скопје - 69, ЦЈЗ Битола - 63, ЦЈЗ Прилеп - 47, ЦЈЗ Тетово - 74, ЦЈЗ Куманово - 63, Судска медицина - 2, Институт за микробиологија - 158, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) - 135, „Авицена“ - 168, „Биотек“ - 290, „Систина“ - 77, лабораторија „Лаор“ - 176, „Синлаб“ - 30, „Ремедика“ - 31, „Плодност“ - 64, „Генеа“ - 16, „Никоб лаб“ - 350, „ВФВ медикал“ - 72, „Ели медика“ - 64, „Ројал медика“ - 26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) - вкупно 1.409.

Досега во земјата се направени вкупно 1.261.880 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 188.113, бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486.

Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 81.663, Активни 5.709

Куманово 11.116, Активни 920

Тетово 10.767, Активни 971

Прилеп 8.944, Активни 285

Гостивар 7.932, Активни 507

Битола 6.977, Активни 257

Велес 6.077, Активни 297

Охрид 5.844, Активни 559

Кавадарци 5.777, Активни 212

Струмица 5.632, Активни 405

Штип 5.593, Активни 236

Кичево 3.895, Активни 423

Струга 3.763, Активни 540

Кочани 3.158, Активни 133

Гевгелија 2.367, Активни 78

Неготино 2.300, Активни 44

Свети Николе 1.838, Активни 109

Ресен 1.518, Активни 105

Радовиш 1.489, Активни 112

Дебар 1.444, Активни 127

Крива Паланка 1.361, Активни 57

Берово 1.200, Активни 37

Делчево 1.111, Активни 67

Виница 1.011, Активни 47

Пробиштип 900, Активни 43

Валандово 794, Активни 34

Богданци 544, Активни 17

Кратово 541, Активни 57

Крушево 518, Активни 15

Македонски Брод 463, Активни 32

Демир Хисар 428, Активни 18

Демир Капија 406, Активни 4

Пехчево 310, Активни 8

Македонска Каменица 293, Активни 20

Дојран 139, Активен 1





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.