Мајката на Пино: Се надевам до крајот на судењето ќе ѝ дадат доживотен затвор

По одново донесената 19-годишна затворска казна за Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за соизвршителство во убиството на Пино Секондо, реакција имаше мајката на убиениот, Маја Трпковска. Таа се надева дека во текот на судењата на повисоките судови на неправосилно осудената ќе ѝ биде изречен доживотен затвор.

„Се надевам дека до крајот на судењето ќе ѝ дадат доживотен затвор. Јас не застанувам тука“, напиша Трпковска.

Мајката на Пино реагира и при укинувањето на пресудата за Ѓорѓиевска кога напиша: „Вода во пустина ќе најдеш, ама правда во Македонија тешко. Нема правда во Македонија“.

Кривичниот суд повторно ѝ изрече затворска казна од 19 години на Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино Секондо. Ова е практично иста казна како што и претхдно ѝ беше изречена, а Апелација ја укина и го врати предметот на повторно судење. Адвокатот Sвонко Давидовиќ, кој ја застапува Ѓорѓиевска пред судот, тврди дека без ниту еден доказ, туку врз основа на, како што посочи, ти реков, ми рече, е донесена пресуда по предметот. Според него, не е постапено по напатствијата дадени од Апелација, од каде што посочиле дека материјалните докази не го потврдувале извршеното дело.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.