Алијанса за Албанците: Во Тетово, Гостивар, Чаир, Сарај се делеле памфлети со клевети и говор на омраза

Денеска, само два дена пред завршување на кампањата, партиите на власта во недостиг на успеси, во недостик на конкретни проекти и во страв од пораз на избори, ја започнаа црната и негативната кампања против опозицијата, соопштуваат од Алијанса За Албанците.

Според нивните информации, во Тетово, Гостивар, Чаир, Сарај и други општини се делеле памфлети со клевети , говор на омраза и меѓуетничка омраза. Случајот е пријавен во полиција и мисијата на ОБСЕ-ОДИХР и јавно бараме откривање на авторите на оваа пропаганда, велат од оваа партија.

„Ваквите активности на хибридниот режим на СДСМ-ДУИ нема да ја спречи вољата на граѓаните за промени, но само ја демаскираат нивната лажна реторика за соживот, општество за сите и слични измами. За тоа кој стои зад ваквите памфлети, го докажува најдобро самата содржина на истите, која е слична на изјавите на премиерот Заев и експонентите на ДУИ“, потенцираат од Алијанса за Албанците.

„Ги повикуваме симпатизерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива, да не подлегнуваат на вакви провокации. Слични активности сме виделе и во неколку случаи во минатото и се типични за партиите во паника, во пресрет на изборен пораз. Познавајќи ги како функционираат, очекуваме со слични фабрикувања да продолжат и до последниот момент, но најавуваме дека нема да поминат несанкционирани, прво од граѓаните преку нивниот глас а потоа и со закон“, стои напишано во нивното соопштение.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.