Пендаровски се сретна со македонски друштва во Малме

Претседателот Стево Пендаровски, вчера во Малме, Кралството Шведска, ја посети Македонската православна црква „Свети Наум Охридски“, се сретна со македонскиот православен свештеник Блажо Кожарски и со претставници на македонски друштва од Малме.

Во разговор со свештеникот Кожарски, претседателот Пендаровски беше информиран за начинот на организирање и функционирање на црковната општина, којашто е прва во Европа, формирана во 1973 година, како и за тековните активности и соработката со шведските институции во насока на афирмирање на Македонската Православна Црква.

Претставниците на македонските друштва од Малме ги споделија со претседателот Пендаровски актуелните иницијативи за унапредување на дејноста на македонската заедница, како и за промовирање на нашата култура и традиција во Шведска. Во тој контекст беше нагласена важноста од континуирано негување на врските со нивната матична држава.

Изразувајќи задоволство од долгогодишното успешно дејствување на нашата заедница во Шведска, претседателот Пендаровски истакна дека се повеќе се вреднува нејзината улога како активен чинител во севкупните општествено-политички и економски процеси во нашата држава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.