Амбасадата на САД добила предупредување за изборни нерегуларности

Оперативниот штаб на Амбасадата на САД пријавил до Обвинителството, дека добиле дојава од лице во која се наведува дека 83 лица кои биле постојано осудувани за кривични дела, а кои се на слобода, добиле огнено оружје за да го попречат изборниот процес.

Понатаму се наведува дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на изборите ќе изврши кривични дела. Сите случаи се проверуваат од Министерството за внатрешни работи.

До обвинителството има и други пријавени случаи за нерегуларности. Во врска со пријава за наводно купување гласови во кумановските села Черкезе, Романовце и Војнивиќ, за кој настан обвинителството оформи предмет, извршен е разговор со повеќе лица и нема информации со кои би се потврдиле наводите од пријавата. Се продолжува со превземање на дејствија по насоки на јавен обвинител.

Исто така политичка партија пријавила сомнение за вршење на притисок и агитација од страна на лице во избирачки места во Гостивар. Основното јавно обвинителство Гостивар оформи предмет по допрен глас и веднаш издаде насоки за проверка на наводите од пријавата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.